Апасиев: Ги знам со име и презиме петмината пратеници кои се уценуваат со 100.000 до половина милион евра

Не е сега време да ги кажам пратениците, чекам да стекнам имунитет, па да кажам. Знам да „возам“ во вакви ситуации. А експертска влада е можна, каде ни Заев ни Мицкоски не би биле премиери - рече вечерва во „Само вистина“ Апасиев.

8,693

Димитар Апасиев, претседателот на Левица, вечерва во емисијата „Само вистина“ изјави дека  СДСМ прави обид за купување на пет пратеници, според неговите информации.

– Јас ги знам, со име и презиме и детали. Тие се уценувани со станови во Скопје, а сумите се движат од 100 до 500 илјади евра, само да преминат во противничкиот табор. Сето ова е недозволливо во систем кој претендира да биде европски –  изјави вечерва Апасиев на Канал 5 телевизија.






Во врска со тоа со кој би коалицирала Левица, Апасиев рече: Ако е со СДСМ, не иде во обзир!

Тој одби да одговори од кои партии се петмината пратеници кои се уценуваат од СДСМ, според негови информации:

– Не е сега време да ги кажам пратениците, чекам да стекнам имунитет, па да кажам. Знам да „возам“ во вакви ситуации. А експертска влада е можна, каде ни Заев ни Мицкоски не би биле премиери, а таква влада е можна само како заштита од албанскиот експанзионизам- нагласи Апасиев на крајот од емисијата „Само вистина“.

Апасиев додаде и дека пратениците од Левица ќе се откажат од патни трошоци.

Тој вечерва кажа и дека добивал закани по неговиот и животот на неговото семејство, а дека заканите, како што изјави, се од две структури – едната, според Апасиев, е блиска до претседателот Стево Пендаровски, односно до Агенцијата за разузнавање.

„Втората закана, рече лидерот на левица, доаѓа од Зоран Заев“.

Поврзани содржини