Апасиев до Царовска: Наместо Историја, укинете ја линераната партиципација за студентите
Лидерот на Левица реагираше на најавената реформа во однос на спојување на одделни предмети во основно образование.
По денешната изјава на министерката за образование Мила Царовска за укинувањето на предметот Историја во основно, пратеникот и лидер на Левица Димитар Апасиев и порача наместо да го укинува, да ја укине линеарната партиципација за студентите во државна квота.
„Поштована милионерке Мила Царовска. Наместо да го укинувате предметот Историја, укинете ја линеарната ПАРТИЦИПАЦИЈА за студентите во државна квота! #ОбразОваНиЕ#БесплатенИндекс #ПоздравПленумци“, напиша Апасиев на Фејсбук.