АПАСИЕВ БИЛ НАПАДНАТ ВО БЛАГОЕВГРАД Левица обвинува дека бугарската полиција не реагирала

За разлика од фашистичките клубови што се отвораат во Македонија, ова е клуб со име на антифашист и на комунист и од тој идеолошки аспект Левица дава целосна поддршка на ваквите клубови – изјави Апасиев пред отворањето на клубот.

1,741

„На денешното отворање на македонскиот културен клуб во Благоевград претседателот на Левица Димитар Апасиев беше физички нападнат од уфрлен бугарски шовинист! Провокаторот за време на целиот настан беше уфрлен во групата од Македонија, со дозвола од бугарската полиција, при што носеше звучник од кој се слушаа бугарски фашистички маршеви. Кога присутните му ја исклучија музиката, провокаторот физички го нападна претседателот на Левица, Димитар Апасиев“, соопшти партијата.

Партијата тврди дека бугарската полиција воопшто не реагирала, додека Македонците не почнале сами да го бркаат провокаторот од групата и да скандираат ,,Македонија, Македонија!”.






– За разлика од фашистичките клубови што се отвораат во Македонија, ова е клуб со име на антифашист и на комунист и од тој идеолошки аспект Левица дава целосна поддршка на ваквите клубови – изјави Апасиев пред отворањето на клубот.

Поврзани содржини