АПАНАЖА ЛАПНАА УШТЕ 8 ЛИЦА, А ДВАЈЦА ПЕНЗИСКА ОТПРЕМНИНА Одобрени по 9 месеци за членови на Комисијата за одлучување во управна постапка

729

Собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата денеска даде поддршка за барањата за апанажа на осум лица од поранешните состави на Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен и на Државната комисија за одлучување во втор степен од областа на инспекцискиот надзор и прекршочната постапка, на кои мандатите им беа прекинати откако двете комисии беа споени со законски измени на 17 септември годинава.

Одобрени се апанажи во времетраење од девет месеци за поранешната претседателка на Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен Даница Чадиева и за членовите на Комисијата Шефки Јашари, Даниела Бочварска, Виктор Бубевски, Ивана Шапкар и Неждет Винца, како и за претседателката на Државната комисија за одлучување во втор степен од областа на инспекцискиот надзор и прекршочната постапка Елизабета Русевска и членот на Комисијата Кирил Давков.






Комисијата за избори и именувања ги поддржа и барањата за отпремнина поради заминување во пензија на поранешните членови на Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен Менсур Зенуни и Бошко Китановски. Ним им се одобрува двократен износ на отпремнина согласно законските прописи.

На седницата на Комисијата беше поништена претходната одлука за избор на заменик директор на Агенцијата за заштита на лични податоци (АЗЛП) и ќе биде доставена нова предлог одлука за објавување јавен оглас, откако на претходниот еден од вкупно двајца кандидати не ја доставилe потребата документација со што се нарушила конкурентноста на постапката. Мандатот на актуелниот директор на АЗЛП истекува на 25 декември и Комисијата за прашања на изборите и именувањата до Собранието ќе достави предлог одлука за објавување оглас за избор на нов директор.

Поврзани содржини