Јанушев: Заев не набавува фингерпринт терминали, сака да прави изборен фалсификат

Господа од СДСМ, уште еднаш ве повикуваме во ниту еден момент да не помислите да одите спротивно на закон, бидејќи одговорност за секое насилие ќе има и за секое прекршување на законот ќе ве стигне казната - порача Јанушев.

386

Пред неколку дена имавме прес-конференција на тема „гласање со отисок од прст“ , денес повторно ќе зборувам за тоа бидејќи, во најмала рака, се сомневаме дека Зоран Заев не сака договор за Изборниот закон, и намерно и свесно го одолговлекува спроведување на законот во делот на отисокот од прст, само и само за да има полнење на кутии и групно гласање – обвини Игор Јанушев од ВМРО-ДПМНЕ.

– Ова е последица на тоа што и Заев знае дека на фер и демократски избори ќе доживее дебакл. СДСМ е спремна да го крши и да не го спроведе Изборниот законик само за да може да спроведе изборен фалсификат. Изборниот законик кој лани пред изборите, во февруари 2020 година беше донесен акламативно од страна на партиите во Собранието е дециден и тој наложува задолжително користење на опрема за отчитување на отисоци од прсти и тоа од две причини: прво, за потврдување на идентитетот на гласачите, и второ, за утврдување дали гласачот веќе го има остварено гласачкото право – вели Јанушев.






Тој објасни дека сите кога одат на гласање на избирачкото место најпрво го даваат документот за лична идентификација,  лична карта или пасошот. Откако избирачкиот одбор утврдува дали се наоѓаме во избирачкиот список, ќе имаме уште еден дополнителен чекор каде што ќе треба да го вметнеме прстот во уредот за отчитување на отисокот за да утврди односно го потврди нашиот идентитет, дали станува точно збор за тоа лице. Но исто така уредот ќе ни каже дали овој гласач веќе гласал на самото избирачко место или на било кое друго избирачко место.

– Повторувам, системот ќе овозможи во никој случај да не може да дојде до двојно гласање, односно едно лице да гласа за друго, ниту едно лице да гласа на повеќе избирачки места и во никој случај не може да дојде до полнење на кутии, бугарски возови итн. Набавката на фингерпринт терминалите е законска обврска и истата мора да се исполни. Одржување на избори без фингерпринт терминали е спротивно на Изборниот законик и истото претставува кривично дело – вели Јанушев.

Според него, владата ималаповеќе од доволно време да набави фингерпринт терминали и ништо не може да биде изговор.

– Она што го прави Заев е замајување на јавноста и купување на време за да пред избори со раката на срце рече „нема доволно време, ајде да одиме на избори без законската обврска за електронски отисок на прст“ или во превод почитувани граѓани Заев ќе ни каже „ајде на избори кои брутално ќе ги украдат без разлика на вашата волја“. Народот заслужува фер избор но, народот заслужува и одговори. Дали СДСМ со кршењето на законот сака всушност да направат пат за изборни нерегуларности со семејно гласање и со полнење на кутии, како што тоа се правеше во изминатиот период, во кој имаше гласање на секои 5 секунди? Господа од СДСМ, уште еднаш ве повикуваме во ниту еден момент да не помислите да одите спротивно на закон, бидејќи одговорност за секое насилие ќе има и за секое прекршување на законот ќе ве стигне казната – порача Јанушев.

Поврзани содржини