Јанушев за лидерската: Сите лидери освен Заев имаа ист став, тој нема искрени намери

Тој како носител на изборна единица 3, праша како ќе се обиде да дојде до граѓаните, да се претстави кој е и што е, да ја претстави својата изборна програма, за што се залага, ако не може да оствари средба со граѓаните.

558

Зоран Заев и СДСМ зад завесата играат на ниски стасти и немаат искрени намери, смета генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев во своето гостување на телевизија „Стар“.

Во однос на притисоците од страна на СДСМ за брзи таканаречени корона избори на 21 јуни тој посочи дека сите лидери на политичките партии имале унисон став по завршувањето на лидерската средба, а тоа е дека здравјето на граѓаните е на прво место, само за Заев поважни биле изборите.






– Taму се дефакто присутни 6, 7 политички лидери, политички партии, најрелевантните да кажам политички чинители во Република Македонија и преку дел од нив се претставени и останатите партии, бидејќи нели знаеме дека имаме и коалиции. Но она што веќе имаше можност да го види целокупната јавност во државата сите со исклучок на еден човек, сите останати се всушност повеќе или помалку на едно стојалиште. Впрочем не бараме да се верува на само она што ние го кажуваме и да се земе како апсолутна вистина дека е така. Впрочем треба само да се погледнат изјавите на лидерите на политичките партии после двете лидерски средби кои што се одржаа. И после првата средба и после втората средба, сите останати освен Заев, имаа еден настап со она што е договорено. Само изјавите на Заев одвојуваат од сите останати. И мислам дека тоа за граѓаните на Република Македонија е доволен показател кој ја говори вистината и кој има искрени намери, а кој се обидува позади завесата да игра на ниски страсти – истакна Јанушев.

Тој како носител на изборна единица 3, праша како ќе се обиде да дојде до граѓаните, да се претстави кој е и што е, да ја претстави својата изборна програма, за што се залага, ако не може да оствари средба со граѓаните.

Јанушев запраша врз основа на што граѓаните ќе се решат за кого ќе гласаат. Како граѓаните ќе се решат воопшто да излезат на избори ако се уште има карантин, полициски часови слично.

– Да не заборавиме и дека пред неполни 2, 3 недели излезе една анкета каде што над 50 отсто од граѓаните во Република Македонија не се избори за сега, туку се за избори некаде при крај на летото. Само 20 отсто наспроти тоа значи повеќе од двојно помалку поддржуваат избори сега. И сега ние треба да одиме спротивно на она што го гледаме во однос на бројот на заразени и починати, спротивно на волјата на граѓаните на Република Македонија, спротивно на она што цел свет експертите го кажуваат. Зошто? За да ја исполниме желбата на Заев и СДСМ за да загуби со помала разлика, и да се надева на некое ново чудо – нагласи Јанушев.

 

Поврзани содржини