Јанушев: Владата да издвои 10 милиони евра за заштитна опрема за медицинскиот персонал
Државата да склучи договори со домашните текстилни фабрики кои се соочуваат се откажување на договори за работа и преку нив да се обезбедат 100.000 скафандери, 100.000 визири и 1.000.000 заштитни маски, но и да се направи интервентен увоз на 1.000.000 ракавици, бара Јанушев.
Не смееме да дозволиме да продолжи трендот на заболени лекари и да се доведеме во ситуација да нема кој да не лечи. Затоа се потребни 10 милиони евра за обезбедување заштитна опрема за лекарите, бидејќи е евидентно дека има недостиг на визири, заштитни маски и ракавици, ијзави денеска генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев.
Тој бара владата да ги ангажира текстилните компании да изработат 100.000 скафандери.
– Бараме итно одвојување на фонд од 10 милиони евра кој ќе биде наменет за набавка на заштитна опрема. Државата да склучи договори со домашните текстилни фабрики кои се соочуваат се откажување на договори за работа и преку нив да се обезбедат 100.000 скафандери, 100.000 визири и 1.000.000 заштитни маски, но и да се направи интервентен увоз на 1.000.000 ракавици – рече Јанушев.
Според него, на овој начин ќе се помогне домашната текстилна индустрија, која ќе може да исплати плати, а за лекарите и медицинскиот персонал ќе се обезбеди заштитна опрема по врвен квалитет.