Трката е тесна, речиси изедначена, ВМРО-ДПНЕ победи во многу места во Македонија, но да ги почекаме конечните резултати, рече Игор Јанушев, генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ.
– Опозицијата покажа дека има повеќе гласови и дека влегува во трка за формирање нова влада. Пребројувањето е сѐ уште во тек и говори за тесна и неизвесна трка. Донтовиот модел ја прави оваа трка доста неизвесна. Народот покажа дека сака обнова – рече Јанушев.
Тој рече дека ВМРО-ДПМНЕ победи во Гази Баба, Аеродром, Илинден и во многу други општини.
– ВМРО-ДПМНЕ победи во Аеродром, Гази Баба, Свети Николе, Македонска Каменица, Пехчево, Охрид, Прилеп, Петровец, но да ги почекаме финалните бројки. ВМРО-ДПМНЕ е благодарна до сите граѓани и покрај притисоците и злоупотребите кои се одлучија за промени со тој кредибилитет влегуваме во нова трка за мнозинство за нова влада– рече Јанушев.