Јанушев: Победуваме, имаме предност од над 10.000 гласови, тоа е седум до осум пратеници ВИДЕО

1,230

Предност од над 10.000 гласови во Гази Баба, Аеродором, Илинден, Кратово, Кривогаштани, водство во Прилеп и Охрид, имаме предност од седум до осум пратеника на обработени 20 отсто од гласовите, најави вечерва Игор Јанушев, генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ.

ВМРО-ДПМНЕ рече Јанушев, и во Радовиш, Свети Николе и Бутел има предност од 2:1, а во Кисела Вода и Велес ќе победи.






Народот денеска масовно излезе и го оствари своето право на глас. Македонија денес одлучуваше за промени, одлучуваше за обнова. Граѓаните ја сфатија сериозноста на состојбата во која се наоѓа државата и излегоа во огромен број да ја казнат власта и да поддржат обнова. Најважно од се е дека народот масовно излезе и во огромно мнозинство го даде својот глас, народот се определи, и обновата е нивниот избор. Следува огромна победа на народот против власта, на правдата против неправдите. Имаше и многу нерегуларности кои се одраз на очајот на СДСМ и на Заев, оти се свесни дека губат. Се служеа со поткуп на гласачи, има дваесетина случаи на поткуп, агитирање на денот на изборниот молк, сите овие нерегуларности се процесуирани, а известени се и ОБСЕ, ОДИХР – рече Јанушев.

Тој изрази благодарност до сите граѓани кои денеска излегоа на гласање на десеттите парламентарни избори, петти предвремени.

Поврзани содржини