Јанушев: Ова е Топ Шоп влада, а Заев е Топ Шоп мандатар

Господине Јанушев, тешка е помислата дека уште 4 години ќе бидете во опозиција, нема Топ Шоп влада, него Дормео опозиција! - одговори Заев.

580

Игор Јанушев од ВМРО-ДПМНЕ и денеска со остри критики кон владата којашто од собраниската говорница ја нарече Топ Шоп  влада која само нуди нови производи, а Заев го нарече Топ Шоп  мандатар, изрекувајќи обвинувања за аферите, тендерите, лажните ветувања…

Јанушев ја обвини Шеќеринска дека половина Армија во нејзин мандат  заболела од коронавирусот, на која забелешка се насмеаја многу од пратениците.






– Три години го слушаме како ветува и секоја година е така, вложување во култура и во истиот момент кога за културните работници нема плата. А додека Еуростандард пропаѓа, нашиот Топ Шоп мандатар ветува економија – рече Јанушев.

Мандатарот Зоран Заев реплицираше:

– Господине Јанушев, тешка е помислата дека уште 4 години ќе бидете во опозиција, нема Топ Шоп влада, него Дормео опозиција! Преспавте додека се решаваа прашањата и проблемите и го избркавте народот од државата. А немавте храброст ни кога требаше одлука да се носат. Огромна е фрустрацијата и комплексот – нема повеќе пари од ЈСП и од Камчев – одговори Заев.

 

 

Поврзани содржини