ЈАНУШЕВ ОЧЕКУВА И ПРОСТОР ЗА ПРКОС Нашите градоначалници ќе ја прифатат Северна каде што ќе мораат

4,408

Градоначалниците ќе потпишуваат документи каде што нема да биде возможно потпишување без придавката, но ќе има простор како што ќе може да покажат пркос, одговори Игор Јанушев од ВМРО-ДПМНЕ за ТВ 24 на прашањето како ќе функционираат градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ во однос на уставното име Република Северна Македонија.

Ставот на ВМРО-ДПМНЕ кон Преспанскиот договор се нема променето, рече тој, коментирајќи ги случувањата во Советот на општина Штип каде советниците од ВМРО-ДПМНЕ денеска потпишаа Уверенија под името Република Македонија, додека советниците од СДСМ ја напуштија седницата.






– Не го гледам како нешто на кое што треба да му се дава преголемо значење, ниту да му се посветува преголемо внимание. Ако е така, мислам дека одговорноста треба да се бара во општинската изборна комисија, затоа што Уверенијата ги издава комисијата, а не градоначалникот. Нашиот став како ВМРО-ДПМНЕ во однос на Преспанскиот договор не се променил. Преспанскиот за нас е завршена работа – рече Јанушев.

Поврзани содржини