Јанушев: „Неевидентираниот финансиер“ на СДСМ, Силјан Мицевски добил тендер од 6,2 милиони евра
Тој, на прес-конференцијата што се одржа попладнево, рече дека блокадата на сообраќајот пред РКЕ ќе трае еден час, со почеток од 14 часот.
Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ обвини дека Силјан Мицевски, како „неевидентиран финансиер“ на СДСМ, добил државен тендер за ископ на јаглен од РЕК „Битола“, тежок над 6,2 милиони евра.
Тој, на прес-конференцијата што се одржа попладнево, рече дека блокадата на сообраќајот пред РКЕ ќе трае еден час, со почеток од 14 часот. Протестот, како што рече, ќе почне пред ТЦ „Палома бјанка“ и е поради поскапувањето на струјата.
– Продолжуваме со протестите против оваа Влада – рече Јанушев, нагласуувајќи дека владејачката гарнитура досега не се огласила и ги премолчела трите барања што ѝ ги испорача ВМРО-ДПМНЕ од вчерашниот – прв протест кој беше тематски посветен на поскапувањето на струјата.
Освен тоа, Јанушев, на вонредната прес-конференција, ја обвини Владата дека профитира од поскапувањето на електричната енергија. Тој рече дека бизнисменот Силјан Мицески, кој, како што нагласи признал дека е финансиер на СДСМ, иако тоа не е наведено во партиските извештаи, добил тендер „тежок“ над 6,2 милиони евра. Како што тврдеше, станува збор за државен тендер за ископ на јаглен од РЕК Битола.