Јанушев: Не се можни избори во јуни како што сака Заев

Единстен кој може да утврди датум за избори е претседателот на Собранието, а тоа нема да се случи ако нема консензус. Значи нема да распише избори.

614

Единствената стратегија која ВМРО-ДПМНЕ ја има е здравјето на граѓаните и ние од тоа нема да отстапиме. А јасно е дека избори во јуни нема да има, и законот тоа не го дозволува. Правните норми не го дозволуваат тоа. Едноставно не може да испочитуваат сите рокови за подготовка на избори кои ќе се одржат во јуни, истакна Игор Јанушев, генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ за Канал5.

Според Јанушев она што го говори Заев е нереално.






– Знаеме дека ултиматуми на Заев се невозможни, иако од него сѐ може да се очекува. Сепак единстен кој може да утврди датум за избори е претседателот на Собранието, а тоа нема да се случи ако нема консензус. Значи нема да распише избори. Доколку  пак од СДСМ сметаат дека тоа може владата да го направи сама со уредба со законска сила и ако прават манипулации не верувам дека ќе го постигнат тоа – појасни Јанушев.

Тој додаде дека стремеж на Република Македонија е членството во ЕУ од самото осамостојување односно од независноста на државата.

– Сите претходни влади работеле на ова прашање  да се случи, но за жал по сите најави, по се она што се случуваше изминативе години, сите условно неколку датуми ги добивме и ги прославивме, отпочнување на преговори сепак тоа не се случи. Ако се земе во предвид кој ја води државата нормално е дека Република Македонија нема да отпочне преговори – истакна Јанушев.

 

 

Поврзани содржини