Јанушев: Не разбирам зошто бараат Албанец премиер кога и досегашниот се однесуваше како што бара Ахмети

4,869

Нема да дозволиме уцени и диктати буквално од никого, ниту од ДУИ, ниту од СДСМ, порача Игор Јанушев , генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ од Велес на новинарско прашање за ставот на партијата за изјавите од ДУИ за можен премиер Албанец.

– Изборите се за 20-тина дена од денеска, ВМРО-ДПМНЕ на овие избори излегува како апсолутен победник, кој ќе биде партнерот во новата коалициона влада прво ќе зависи од резултатот кој што ќе го имаат нормално останатите партии на изборите. А, секако после тоа и оние кои што ќе ја прифатат програмата, стратегијата и визијата пред се, а на ВМРО-ДПМНЕ во однос на тоа како треба да се развива Република Македонија. Во однос на тоа инсистирање, јас само ќе кажам навистина не разбирам зошто се инсистира на тоа, впрочем и досегашниот премиер не се однесуваше ништо поразлично од тоа што всушност го бараат Ахмети и Османи – рече Јанушев.

 

Поврзани содржини