Носителот на изборна единица 3, Игор Јанушев денес оствари посета во Општина Свети Николе каде што посочи дека ВМРО-ДПМНЕ ќе се залага за навремена исплата на субвенции на земјоделците и сигурен откуп на земјоделските производи.
Тој рече дека она што е битно за Свети Николе е проектот за гасификација. Буквално гасификација и природен гас до секој еден дом, и тоа со бесплатен приклучок за секој еден граѓанин.
– Свети Николе како земјоделски крај, луѓето се интересираат за земјоделските мерки кои што ги планираме во следните 4 години да ги имплементираме односно да им ги овозможиме на земјоделците. Она што го гледам како најголем проблем е ненавремената исплата на субвенциите, голем дел од луѓето се жалат дека немаат добиено субвенции уште од 2019-тата година, Исто така интересно е да се каже во однос на манипулациите со оној јас би го нарекол лажен проект за зелена нафта. Во разговор со еден од граѓаните добив информација дека замислете земал 961 денар за зелена нафта. И за вака попластично да ми објасни што тоа значи вели имам нафта да работам на нива од прилика половина ден. За да немаме вакви работи, да ставиме крај на оваа криминално рекетарска банда на власт предводени од Заев и Николовски, ја очекувам и ја барам вашата поддршка бидејќи за она што ќе се залагаме во земјоделието е навремена исплата на субвенциите и гарантирам откуп на земјоделските производи – вети Јанушев.