Денеска сме во посета на општина Зелениково каде што имавме прилика да разговараме со луѓето за нивните проблеми, но исто така да им кажеме што после 15 јули новата влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе направи за граѓаните во општина Зелениково, рече Игор Јанушев носител на листата на ВМРО-ДПМНЕ за третата изборна единица.
– Покрај бројните проекти она што го планираме е порастот на платите и пензиите и намалувањето на невработеноста, а она што е особено битно исто така за овие луѓе во делот на земјоделието, но и на обновата на фасадите во домовите. Она што исто така е факт е што имавме можност да поразговараме за делот неостварени ветувања односно лаги на СДСМ овде во Зелениково, еден таков пример е и мостот овде во месноста Река кој што и покрај ветувањата, покрај лажењето во неколку наврати во минатото и од страна ан градоначалникот односно локалната самоуправа, но и од страна на останатите високи функционери на СДСМ, буквално ништо не е направено – рече Јанушев.
Тој потенцира дека затоа е време да кажат дека е доста и оти оваа влада и овие политичари треба да заминат на темната страна на историјата.
– Ние сме различни. Ние нудиме иднина, извесност, ние нудиме да бидат со крената глава и исправена кичма. Сето она што е ставено во програмата во проектот обнова ние земаме обврска, се обврзуваме пред граѓаните дека истото ќе биде почитувано и истото ќе се реализира во следниот период од 4 години – рече Јанушев.