Јанушев: Македонија колабира, секое петто семејство останува без еден вработен ВИДЕО

498

Република Македонија почнува полека да колабира во сите области. Жалосно и загрижувачки што мораме повторно од оваа говорница, од која што за жал не сме во можност да спроведуваме владини мерки,  да апелираме и нудиме решенија за кои конечно треба да се свестат целата влада и да ги применат. На компаниите и стопанството очајно му треба помош. На граѓаните како никогаш порано.

Ова го порача денеска Игор Јанушев, генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ.






– Владата освен што држи беспредметни и без суштина прес конференции, ништо реално не спроведува во стопанството како активни мерки за помош на компаниите. Според последната анкета која можевме да ја видиме во медиумите, дури 20% од граѓаните добиле привремен отказ. Тоа се над 160.000 граѓани. Во просек секое пето семејство во Република Македонија останува без еден вработен. И покрај овие фрапантни податоци, владата повторно не презема ништо – рече Јанушев. 

Повеќе од 80 отсто од граѓаните очекуваат Владата да ги помогне компаниите и да им ги покрие загубите, на начин на кој истите компании не би делеле откази како во моментов. Но, за жал, бидејќи Владата е глува на барањата на стопанството, компаниите се принудени да делат откази. 

– Граѓаните имајќи во предвид за неспособноста на владата предводена од Заев и Спасовски, се загрижени од последиците од економската криза. Да ги оставиме суетите настрана. Да заборавиме кој предложил, кој помогнал и слично. Дајте, Ве молиме, донесете ги мерките кои ви ги понудивме и кажете доколку треба и дека се ваш предлог само за да си ги исполните суетите. Но, Ве молиме, не ги држете во заложништво компаниите и граѓаните. Како држава многу доцниме со носење на економски антикризни мерки. Немаме повеќе време, имаме дупка во буџетот од над 2 милијарди која ја направивте. Освестете се, тргнете ги суетите, и конечно направете нешто добро за граѓаните. Се ви е понудено како мерки, останува само да ги прифатите – вели Јанушев.

Поврзани содржини