Јанушев: Конечно ќе изградиме нов клинички во Скопје, „8 Септември“ ќе биде дополнителен центар

915

Во следните 4 години се обврзуваме, земаме аманет пред сите вас дека ќе работиме напорно. Затоа внимателно се работеше со наши експерти со луѓе од партиските комисии и со луѓе што сакаа да дадат помош, со луѓе од странство. Се што ставивме во програмата ќе го исполниме. Повеќе за земјоделците не само 160 милиони евра субвенции секоја година, туку и нивно навремена исплата, истакна Игор Јанушев, носител на листата за пратеници од ИЕ 3 на ВМРО-ДПМНЕ, пред граѓаните на Општина Илинден.

– Во образованието ветуваме два ипол пати поголеми плати за наставниците и професорите. Во здравството зголемување на платите на медицинскиот персонали и лекарите и конечно ќе го изградиме клиничкиот центар. Да го имаме „8 Септември“ како клинички центар и уште два нови клинички центри во Штип и Тетово. Оваа пандемија ни покажа колку многу зависиме од лекарите и медицинскиот персонал. Да им се заблагодариме за се што направија за нас. На 15 јули рано од сабајле на демократски начин да излеземе и да кажеме доста е на сите штетни политики, доста е за сите политичари кои ја урнисуваа државата, да ги пратиме на темната страна на историјата – побара Јанушев.

Поврзани содржини