Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев вечерва во своето вклучување на вестите на Канал 5 посочи декa втор месец мина, а се уште има апсолутен молк од страна на министерката Рената Дескоска за нејзиниот предлог за откажување на годишното финансирање на политичките партии. Toj потенцира дека не треба Уставот да се крши и да се свикува противзаконски Собранието.
– Откако министерката Дескоска излезе и го даде предлогот за откажување на годишното финансирање на политичките партии, ние уште тогаш откако се согласивме тоа да се направи како дополнување, а се со цел за да што побргу и на полесен начин се надмине кризата дадовме предлог сите функционери да се откажат односно да ги донираат своите средства – појасни Јанушев.
Јанушев уште еднаш го повтори барањето да се откажат од плата функционерите без разлика на одлуката која што ја донесе Уставниот суд.
Јанушев образложи дека ВМРО-ДПМНЕ не гледа причина зошто да се состане Собранието. Не треба повторно да се оди со кршење на Уставот, иако тоа е одлика на владата преводена од СДСМ.
– Јасно е пропишано во кои ситуации и како тоа се прави. Иако единствената причина за тоа е барање за да се потврдат уредбите од вонредната состојба тогаш апсолутно не гледам никаква причина да се прави на овој начин.Уставот е јасен дека не може повторно да се свика Собранието и тука нема апсолутно никаква дилема во однос на тоа – нагласи Јанушев.