ЈАНУШЕВ ДОБИЛ НА ПОКЛОН ЗЕМЈИШТЕ ВРЕДНО 325.000 ЕВРА Опозицијата ги повика Обвинителство и Антикорупциска да го истражат случајот
Вакво перверзно легализирање на криминално стекнати пари досега не е забележано во македонската политика. Ова е за златен медал, изјави денеска Менде Илиевски, советник на СДСМ во Советот на Општина Битола.
Генералниот секретар на Владата, Игор Јанушев, е еклатантен пример на вечен криминалец во политиката. Човекот кој беше осуден за пет милионски криминал во ЈСП, денес е прв човек во Владата после Мицкоски. Граѓаните се во шок и неверување од последната информација која ја споделија медиумите, а тоа е дека Јанушев, замислете, добил на подарок градежно земјиште во центарот на Скопје во вредност до 325.000 евра. Вакво перверзно легализирање на криминално стекнати пари досега не е забележано во македонската политика. Ова е за златен медал, изјави денеска Менде Илиевски, советник на СДСМ во Советот на Општина Битола.
– Не може ништо различно да се очекува од Јанушев кој еднаш е веќе осуден криминалец. Дали овој човек е промената која ВМРО-ДПМНЕ ја вети? Дали институциите ќе реагираат? Очекуваме ДКСК и јавното обвинителство итно, повторуваме итно, да го истражат овој голем подарок кој ете така случајно се паднал баш кај Игор Јанушев. Оваа Влада е владата која во најкус рок ги разочарала граѓаните. Не поминаа ни 30 дена откако седнаа во фотељите, и веќе докажаа дека се далеку полоши од било која власт на почетокот на мандатот – рече Илиевски.