Јанушев: Битката продолжува, претседателе членството е со вас, одиме до крај

1,435

ВМРО е мојот дом, половина живот го посветив на организацијата – 21 година сум член на партијата, од в.д. претседател на МК на УМС до генерален секретар, така и ќе остане, напиша Игор Јанушев на Фејсбук откако од синоќа не е генерален секретар на партијата. Тој функцијата генерален секретар ја напушти од како што беше речено, лични причини.

– Благодарност до сите со кои овие три години дишевме како едно.Битката продолжува затоа што имаме незавршена работа. Ги повикувам сите на кои Македонија им е важна да се спротивстават на мафијата. Претседателе членството е со вас, одиме до крај. Се гледаме на протестите, улиците, се до конечна победа. Да живее ВМРО, да е жива Македонија, напиша Јанушев.






ВМРО е мојот дом, половина живот го посветив на организацијата – 21 година сум член на партијата, од в.д. претседател на…

Igor Janushev 发布于 2020年9月22日周二

Поврзани содржини