АНТОНИО ЈОЛЕВСКИ НОВ ПРЕТСЕДАТЕЛ НА СОВЕТОТ НА ЈАВНИ ОБВИНИТЕЛИ Бил единствен кандидат за функцијата
На седницата на СЈО за Јолевски гласале сите 11 члена на советот, односно друг кандидат за претседател не бил пријавен.
Следните две години претседател на Советот на јавни обвинители (СЈО) ќе биде јавниот обвинител Антониот Јолевски. Ова е одлучено на денешната 32-ра седница на СЈО, односно за Јолевски гласале сите 11 члена на советот. Освен Јолевски, друг кандидат за претседател на СЈО не бил пријавен.
Јавниот обвинител Антонио Јолевски, на функцијата член на СЈО дојде од Основното јавно обвинителство на Битола. Во 1983 година се вработил во Окружен суд Битола, каде бил приправник и раководител на писарницата. Од 1996 распореден во Апелацискиот суд Битола како стручен соработник и судски советник, а од 2002 година како раководител на сектор – секретар на судот. Во 2003 година е избран за заменик Јавен обвинител во Основното јавно обвинителство Битола. Во 2012 година е избран за Основен јавен обвинител на Основното јавно обвинителство Битола. Од 2018 како јавен обвинител во ОЈО Битола. Во 2020 година е избран Член на Советот на јавните обвинители на Македонија.