📷 АНТОНИО МИЛОШОСКИ ВО ДУЕЛ СО АНА ЧУПЕСКА ОД СДСМ „Батали муабети за режим, менторот Фрчкоски ќе те остави на првата кривина или паркинг“

Милошоски коментира пост на Чупеска, во кој таа зборува за случајов во Демир Хисар и вели дека станува збор за „очаен обид да се инсталира режим“.

1,246

Ана Чупеска, „производот на Фрчкоски и на удбашите од 1990-тите“, кои ги следеа неистомислениците во медиумите, во стопанството, вклучително и политичките опоненти од ВМРО-ДПМНЕ, држи лекции за демократија?!

Со ова прашање ја отвора својата полемика со „верната ученичка на Љубомир Фрчкоски и продолжената рака“, Антонио Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ.






Тој вели дека таа се јавува како гласноговорник на истата таа матрица што ја држеше Македонија во стегите на корупцијата и политичкиот прогон.

„Нема поголема иронија од тоа потпретседателката на партијата која 7 години ја претвори државата во приватен имот на кланот Заеви и нивните ортаци, да зборува за ‘узурпација’.

Во времето на СДСМ, МВР беше сервис за криминалните структури блиски до власта, а началниците беа партиски извршители за притисок врз неистомисленици, или за штанцање на фалц-пасоши на белосветски нарко босови.

Денес, кога конечно се воспоставува ред и се расчистува со тие остатоци од минатото, на Чупеска и СДСМ им пречи што повеќе нема простор за нивните тајни договори и злоупотреби“, пишува Милошоски.

Коментирајќи ги нејзините тези на тема „режимот“, Милошоски директно и се обраќа на потпретседателката на СДСМ:”

„Режим имаше кога вие, госпоѓо Чупеска, заедно со вашите ментори и шефови, ја газевте волјата на народот, ја злоупотребувавте полицијата и ги полневте џебовите на вашите кланови. Тоа време заврши.

Или можеби заборавивте на времето кога изгoреа луѓе во модуларната болница, а Заев, Артан, Зечевиќ, Ковачевски, Маричиќ и другите ваши најблиски соработници ја разнебитуваа државата? Тоа се вашите ‘демократски’ стандарди.

Наместо да се труди да ги задоволи инстинктите на Фрчкоски и да му угоди докажувајќи се колку е лојална, нека се вразуми и нека сфати дека Фрчкоски ќе ја откачи на првата кривина… или на првиот паркинг.

Наместо лекции за капацитет, објаснете им на граѓаните како токму вашите политички покровители ја втурнаа државата во најголемите национални порази и економски грабежи во последните децении. И имајте на ум дека ниту расфрлањето со терминот ‘режим’, ниту китењето со пердувите на ‘Шарената деволуција’, нема да Ви помогне да ја покриете разединетоста која ја имате во СДСМ, токму поради Вашата лојалност кон оние кои Ве доведоа до тоа дереџе“.

Милошоски коментира пост на Чупеска, во кој таа зборува за случајов во Демир Хисар и вели дека станува збор за „очаен обид да се инсталира режим“.

Фото: Принтскрин
Поврзани содржини