Антонио Милошоски хоспитализиран на Инфективната клиника

1,357

Антонио Милошоски, кандидат за пратеник од ВМРО-ДПМНЕ во петтата изборна единица,, е хоспитализиран на Инфективната клиника во Скопје.

„Почитувани пријатели, денес околу 16 часот од домашна изолација бев примен на Инфективната клиника, поради повеќедневна покачена температура. Други симптоми немам, дишењето е добро, апетитот и расположението исто така. Вчерашниот тест покажа негативни резултати на ковид-19, но по препорака на специјалист од инфективна клиника, денес направивме уште еден тест, чии резултати се очекуваат во текот на утрешниот ден.






Ве поздравувам сите, а на моето семејство и на медицинскиот персонал им благодарам за поддршката. Благодарност до сите вас за поздравите и добрите желби за брзо закрепнување. Се гледаме наскоро, се надевам во добро здравје и со добри вести“, пишува Милошоски.

Пред неколку дена мајката на Милошоски, која е медицинска сестра, објави дека е позитивна на ковид-19, а тој посочи дека поради контакт со неа му е одредена изолација до 6 јули до кога треба да направи два теста.

 

 

Поврзани содржини