АНТОНИО БАНДЕРАС ВО УЛОГА НА ЦАР БОРИС ТРЕТИ Зоро ли е, Жоро ли е?
62-годишниот актер веќе неколку пати бил во Бугарија и ги договарал деталите околу снимањето на историскиот филм кој ќе почне да се снима наесен.
Холивудската ѕвезда Антонио Бандерас ќе глуми во бугарскиот историски филм посветен на Цар Борис Трети.
62-годишниот актер веќе неколку пати бил во Бугарија и ги договарал деталите околу снимањето на историскиот филм кој ќе почне да се снима наесен.
Бандерас веќе бил во Бугарија и ја разгледал изложбата на Пикасо во Национална галерија.
Продуцентот Ави Лернер кога го прашал Бандерас – „Дали сакаш да го играш кралот?“
Тој веднаш одговорил: „Да”.
За потсетување, „Цар Борис Трети“ го носи името на затворениот бугарски клуб во Охрид.

Цар Борис Трети во бугарската историографија е познат како „Царот обединител“, во чие владение Бугарија се приклучува кон Тројниот пакт на нацистичка Германија.
Тој во април 1941 година дозволува германските сили од територијата на Бугарија да извршат агресија врз Кралството Југославија, по што за награда добива територии од распаднатата југословенска држава и Грција, вклучително и голем дел од денешна
Македонија.
Името цар Борис Трети е поврзано со прогонот и уништувањето на Евреите од окупираните територии од страна на фашистичка Бугарија за време на Втората светска војна.
Да потсетиме, цар Борис III и владата на Царска Бугарија се директни виновници за депортацијата на повеќе од 11.300 Евреи од окупираните територии во Македонија, Грција и Србија, од кои 7.144 се Евреи од Македонија, во центарот за убивање Треблика, во окупирана Полска.
Цар Борис III на 21 јануари 1941 година го потпишува антиеврејскиот Закон за заштита на нацијата, ја презема паролата на нацистичка Германија „Eден цар, еден народ, една држава“ и е докажан заговорник за спроведување на таканараченото „Конечно решение на еврејското прашање“.
Почина ненадејно на 28 август 1943 година, набрзо по неговата посетата на Адолф Хитлер во Берлин.