АНТОНИО БАНДЕРАС ИЗГЛЕДА СМЕШНО Сакал да ја сокрие староста, но постигна лош ефект (ФОТО)
Шпанскиот актер, кој, меѓу другото, е препознатлив по црната коса, сега покажа побелена коса, што е сосема во ред. Но, прашањето е зошто ја обои косата на врвот на главата со црвеникава боја, додека сè од страна остави сиво.
Антонио Бандерас е ултимативниот шармер уште од почетокот на неговото појавување, кога со своите 20 години започна кај Алмодовар, а таков е и денес, на 61 година. Затоа многумина се прашуваат што му требаше да се обиде да ја сокрие седата коса.
Антонио Бандерас е само една од многуте sвезди кои се собраа во Венеција на познатиот филмски фестивал. Тој пристигна во Мостра во друштво на неговата девојка Никол Кимел, но сите погледи беа вперени во него, поради неговата нова фризура, пренесува Ноиз.
Шпанскиот актер, кој, меѓу другото, е препознатлив по црната коса, сега покажа побелена коса, што е сосема во ред. Но, прашањето е зошто ја обои косата на врвот на главата со црвеникава боја, додека сè од страна остави сиво.
Бојата за која се одлучил, не се вклопува во неговата природна боја или нијансата на брадата, па изгледа како да се бојадисал самиот дома и настанал хаос.
Новата боја може да се должи на некоја улога, коментираат обожавателите кои очекуваат Бандерас да се појави во петтиот дел од филмот за Индијана Џонс. Веста дека ќе се појави со Харисон Форд во популарната франшиза се појави во јули, но се уште нема официјална потврда.
Последниот филм на кој тој работеше беше „The Hitman’s Wife’s Bodyguard” со Рајан Рејнолдс, Семјуел Л. Jексон и Салма Хајек, а тој е во Венеција поради улогата во „Official Competition” со Пенелопе Круз.
Фотографиите со новата фризура погледнете ги ТУКА.