АНТИВАКСЕРИ САКАЛЕ ДА ГО УБИЈАТ ПРЕМИЕРОТ НА ГЕРМАНСКА САКСОНИЈА Морале да ги прислушкуваат за да ги откријат
Нарекувајќи се себеси „Dresden Online Networking“, членовите разговарале за идеи, па дури и се состанувале во паркови, објави јавниот радиодифузен сервис ЗДФ. Во еден од прислушкуваните разговори еден од членовите зборувал дека е вооружен и подготвен.
Антиваксерска група од Дрезден планирала да изврши атентат врз премиерот на Саксонија, Михаил Кречмер и други политичари со самострели или „прободно оружје“, јавува Би-Би-Си. Заговорот беше разоткриен од новинари кои се инфилтрирале во група од околу 100 луѓе кои комуницирале преку апликацијата за пораки Телеграм.
Нарекувајќи се себеси „Dresden Online Networking“, членовите разговарале за идеи, па дури и се состанувале во паркови, објави јавниот радиодифузен сервис ЗДФ. Во еден од прислушкуваните разговори еден од членовите зборувал дека е вооружен и подготвен.
Полицијата соопшти дека биле дадени изјави за плановите да се убие државниот премиер, како и други државни претставници.
Г-дин Кречмер, член на централно-десничарските демохристијани кои беа во владата на национално ниво до минатата недела, првично беше непријателски настроен кон строгите ковид-мерки. Но, откако Саксонија стана една од германските покраини најтешко погодени од коронавирусот, тој се предомисли.
Полицијата во Саксонија соопшти дека безбедносните сили, вклучително и специјалната анти-екстремистичка единица Соко Рекс, вршат рации на голем број локации, како одговор на заканите упатени кон премиерот на државата, истакнати во документарен филм на германската телевизија пред една недела.