АНТИВАКСЕРИ ИЗВЕДУВАЛЕ „ХАКА“ ТАНЦИ ВО НОВ ЗЕЛАНД Маорите ги осудија протестите, домородците ќе се вакцинираат (ВИДЕО)

„Хака Ка Мате“ е многу популарен танц бидејќи тој често е изведуван од националниот рагби тим „Ол Блекс“ пред да почнат со натпревар. Племето Нгати Тоа, кое има законско право на хаката, го дало известувањето да се сопре, бидејќи се смета дека стапката на вакцинација од 61 отсто кај нив сепак е ниска, споредена со останатите 90 отсто вакцинирани граѓани на Нов Зеланд.

843

Антиваксерските протести во Велингтон во Нов Зеланд ескалираат, а пред неколку дена, демонстрантите пред Парламентот го изведоа познатиот маорски „хака ка мате“ танц за да се спротивстават на ковид-мерките и задолжителните вакцини. Но, ова брзо беше осудено од домородните Маори. Тие побараа „веднаш“ да престанат злоупотребите, бидејќи ја поддржуваат вакцинацијата, а скоро 61 отсто од нив веќе се целосно вакцинирани, јавува Би-Би-Си.






„Хака Ка Мате“ е многу популарен танц бидејќи тој често е изведуван од националниот рагби тим „Ол Блекс“ пред да почнат со натпревар. Племето Нгати Тоа, кое има законско право на хаката, го дало известувањето да се сопре, бидејќи се смета дека стапката на вакцинација од 61 отсто кај нив сепак е ниска, споредена со останатите 90 отсто вакцинирани граѓани на Нов Зеланд.

фото: јутјуб

– Многу од нашите предци, т.н. тупуни, ги загубија животите во претходните пандемии … апсолутно ни е јасно дека вакцината ковид-19 е најдобрата заштита што ни е на располагање и посветени сме да го поддржиме нашето whānau, што значи семејство, да се вакцинира што е можно поскоро – вели нивниот водач Хелмут Модлик.

Минатата недела, околу 2.000 демонстранти се собраа пред парламентот во Велингтон и низ целата земја, веејќи големи знамиња со ликот на Трамп и носејќи знаци против вакцинацијата. Премиерката Џасинда Ардерн претходно рече дека земјата ќе бара од наставниците и работниците во секторите за здравство и инвалидитет целосно да се вакцинираат против коронавирусот.

Нов Зеланд е земја која имаше строга „нула-ковид“ стратегија, а сака да вакцинира поголем дел од луѓето за да прејде кон стратегија на „живеење со вирусот“. Досега пријавени се 9.000 позитивни случаи и 34 смртни случаи, а бројот на загинатите е меѓу најмалите во светот.

Поврзани содржини