Антителата послаби борци против новиот британски мутант?!
Кога станува збор за оваа мутација, антителата во крвта на оние кои имале ковид-19 се помалку ефикасни во одбраната на организмот, сугерираат научниците.
Новиот вид на коронавирус што се прошири низ Велика Британија сериозно ги загрижува научниците. Двете клучни прашања е дали новиот сој ги загрозува оние кои веќе имаат антитела за ководи-19 и дали ќе биде доведена во прашање ефикасноста на вакцините.
Нема докази дека новата форма на вирусот е посмртоносна, но се покажа дека е 70% попренослива, јави Би-Би-Си.
Истражувањето на професорот Рави Гупта од Универзитетот Кембриџ сугерира дека, кога станува збор за оваа мутација, антителата во крвта на оние кои имале ковид-19 се помалку ефикасни во одбраната на организмот.
Истата загриженост ја изрази и Тревор Бедфорд, биолог и експерт за генетика во Центарот за истражување на рак Фред Хачинсон во Сиетл.
„Сега видовме појава и ширење на неколку варијанти на вирусот, а некои покажуваат отпорност на третман со антитела“, забележа тој.
Дали ова значи дека оние кои неодамна се заразиле со ковид 19 сега можат повторно да се заразат со новиот вирус? Дали долгоочекуваните вакцини сега се спорни?
„Веројатно не“, изјави Скот Готлиб, поранешен комесар на американската Администрација за храна и лекови.
„Според она што во моментов го знаеме, дури и по разговорите спроведени од експерти од ЕУ, новиот вид на корона нема никакво влијание врз вакцините што остануваат ефикасни“, рече германскиот министер за здравство Јенс Спан.
Развиените вакцини за ковид-19 даваат широки реакции на имунитетот и дека антителата што ги произведуваат ќе можат да му одолеат на мутираниот вирус. Сепак, тие не ја исклучуваат можноста дека ќе треба да се прилагодат во иднина.
„Можноста новите соеви да бидат отпорни на постојните вакцини е мала, но не и непостоечка“, изјави за Си-ен-ен д-р Монсеф Слауи, главен научен советник за дистрибуција на вакцини на американската влада.