АНТИКОВИД БРИЧЕЊЕ Во Германија се забрануваат бради, смее само мустаќи

Додека другите земји во Европа ги укинуваат мерките против ковид во Германија се појавуваат нови и чудни мерки за спречување на заразата.

713

Додека погоелмиот број на земји од Европа ги укинуваат сите мерки во борбата со ковид, во Германија почнаа да се појавуваат чудни мерки на претпазливост.

Така универзитетот во Грајсфалд, во покраината Макленгург-Западна Померанија на своите стуфенти им забрани да носат бради.






Студентите кои досега носеле брада ќе мораат да се избричат затоа што, според раководителите на универзитетот, брада спречува правилно носење на Н95 маските.

Студентите преку мејл биле известени да внимаваат нивното лице да биде во склад со хигиенските прописи кои се на сила.

Нив им е оставена опцијата да носат мустаќи, а доколку сакаат да ги посетуваат предавањата ќе мораат да ја избричат брадата.

Поврзани содржини