Со цел да се надминат недоразбирањата настанати по презентирањето на Анализата за потрошените буџетски средства за апанаж,а сакаме да ве известиме дека споменатата Анализа е направена врз основа на податоци за исплатени средства за апанажа добиени од Собранието на РСМ, велат од Антикорупциска комисија.
„Барањето на ДКСК за наведените податоци е всушност циркуларно писмо кое, покрај до Собранието на РСМ е испратено и до повеќе од 100 институции. Очигледно дека само податоците од Собрание на РСМ се доставени во бруто износ, но за тоа немаше никакво објаснување во дописот“, наведува Антикорупциска.
Соопштението доаѓа по вчерашното барање на претседателот на Собранието Талат Џафери од членовите на Државната комисија за спречување корупција, до денеска да се извинат за изнесените наводи дека апанажата на пратениците изнесува 100.000 денари.