АНТИКОРУПЦИСКА СЛЕДИ ШТО СЕ СЛУЧУВА ВО ВОДОВОД Ивановска вели дека администрацијата ни е „осакатена“ и полна со злоупотреби

Излезот од оваа криза може да се насети со зголемување на продуктивноста на трудот, а тоа е можно само ако специјалистите си ја вршат работата. Ние имаме осакатена администрација, изјави Ивановска.

910

Биљана Ивановска претседател на Антикорупциска комисија во емисијата 24 анализа изјави дека Антикорупциска ја следи состојбата што се случува меѓу град Скопје и Водовод и канализација и ќе почекаат да заврши тендерската постапка за да имаат оформен предмет.

– Засега се повеќе партиски игри меѓу нив и ако има нешто екстра ќе реагираме. Тендерот во ДИК се разгледува од наша страна и паралелно работи со нас и Државниот завод за ревизија. Многу скоро се очекува да се заврши со интервјуто со одговорните лица во ДИК и штом ќе ги завршиме, ќе излезем во јавноста. Предмет на интерес е дали е испорачано тоа што е договорено. Ќе разговараме и со Даштевски. Во однос на злоупотреба на вработувањата, имавме злоупотреба како е објавен конкурсот, злоупотреба на дискреционото право во смисла на злоупотреба на интервјуто и како одлучило одговорното лице некој слаб со поени да избие на прво место, а друг со најмногу поени да отпадне. Има и злоупотреба со вработувања каде некој се потпишува со друга националност. Не може во една минута да се менува чувството и за едно работно место да се пријави како Ром, а за друго како Турчин, Албанец. Ова го доведува луѓето да се бламираат за корка леб. Излезот од оваа криза може да се насети со зголемување на продуктивноста на трудот, а тоа е можно само ако специјалистите си ја вршат работата. Ние имаме осакатена администрација. – изјави Ивановска.

Поврзани содржини