Антикорупциска отвори предмет за имотната состојба на претседателката на Судскиот совет Црвенковска

Предметот е оформен по допрен глас откако Здружението на оштетени штедачи во Еуростандард банка ја обвинија за инволвираност на нејзиното семејство со малверзации со кредити од оваа банка.

916

Антикорупциската комисија отворила предмет за имотната состојба на новата претседателка на Судскиот совет, Павлина Црвенковска, потврди претседателката на комисијата Билјана Ивановска за телевизија  Телма .

Предметот е оформен по допрен глас откако Здружението на оштетени штедачи во Еуростандард банка ја обвинија за инволвираност на нејзиното семејство со малверзации со кредити од оваа банка односно дека нејзиниот сопруг, Зоран Црвенковски, преку фирмата „Екопласт Рисајклинг“ зел кредит од 1,6 милиони евра и не го враќал две години. Дополнително и ќерката на Црвенковска била вработена во банката.






Црвенковска, пак, негира дека нејзиното семејство учествувало во малверзации со кредити и дополнително потенцира оти Судскиот совет носи одлука со мнозинство гласови. Вели дека кога и да се одлучувало за некаков предмет со банката таа се изземала и така, тврди, ќе постапува и понатаму. Таа изрази и сомнеж дека некому му смета нејзиниот избор за претседателка, па сака да ја дискредитира.

 

Поврзани содржини