Антикорупциска отвора предмет за паричната помош за здруженијата и фондациите поради кризата од коронавирусот
Државната кoмоисија за спречување корупција на денешната седница одлучи да отвори предмет за владината парична помош на здруженијата и фондациите како дел од мерките за справување со кризата од коронавирусот, а по приговорот поднесен од опозициската ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „Обнова на Македонија“, во кој се наведува дека е прекршен Изборниот законик со исплата на пари во време на изборна кампања.
– Исплатата на одобрените средства е на 1-ви јули и е во период на изборна кампања и претставува повреда на член 8 а став 1 алинеја два од Изборниот законик и член 43 од Законот за спречување корупција и судир на интереси. Поради тоа согласно нашите мерки се предлага да се покрене постапка пред надлежни органи за одговорносто лице при Генералниот секретаријат – оценија од ДКСК.
Од владиниот Генерален секретаријат пред антикорупционерите појаснија дека исплатата извршена на 1-ви јули е врз основа на одлука донесена на 13-ти јуни и од тие причини сметаат дека се работи за извршување на веќе донесена одлука.
Од ДКСК посочија дека одлуката можело да биде донесена претходно, но исплатата требало да почека, да се одложи и да се оствари по завршување на изборите.
На сметка на здруженијата и фондациите кои ги исполниле условите за да добијат помош легнале околу 30 милиони денари