Антикорупциска: Оставката на Рашковски нема да влијае на предметот за софтверот, постапувањето продолжува
Антикорупциската комисија информира дека оставката на Драги Рашковски од функцијата секретар за мониторинг и поддршка на институциите при реализација на програмата на Влада. нема да влијае на постапувањето по предметите кои за него ги отворила Комисијата.
– ДКСК информира дека оставката на поранешниот генерален секретар на Владата не влијае на работата по споменатите предмети. Постапувањето ќе продолжи согласно надлежностите и процедурите на ДКСК. – велат од Антикорупциска.
Освен набавката на софтверот, Антикорупциска под лупа го стави и имотот на Рашковски.