АНТИКОРУПЦИСКА ОФОРМИЛА 23 ПРЕДМЕТИ ОД РАСПИШУВАЊЕТО НА ИЗБОРИТЕ Се испитува набавката на хеликоптерите од 250 милиони евра
Три од овие предмети ги оформивме по сопствена иницијатива. Останатите предмети се оформени по претставки - истакна претседателката на ДКСК, Татјана Димитровска.
Од денот на распишување на изборите, до 29 март оформени се вкупно 23 предмети, соопшти претседателка на Државната комисија за спречување на коруцпија (ДКСК), Татјана Димитровска во „Топ тема“ на Телма ТВ.
– Три од овие предмети ги оформивме по сопствена иницијатива – истакна претседателката на ДКСК.
Тие три предмети се познати во јавноста и се однесуваат на набавката на хеликоптерите од министерството за одбрана, набавка на медицинските возила преку министерството за здравство и постапката за ангажирање на хонорарците во Младинскиот културен центар.
Останатите предмети се оформени по претставки. За сите е отпочната постапка за достава на барање за потребна документација.
Министерката за одбрана, Славјанка Петровска Министерката Петровска, говорејќи во касарната „Страшо Пинџур“ во Петровец, ја истакна подготвеноста да одговори на сите прашања во врска со набавката на хеликоптерите, вредни близу 250 милиони евра. Истакнувајќи ја транспарентноста, таа го поздрави надзорот од Државната комисија за спречување на корупцијата, ветувајќи соработка за разјаснување на сите нејаснотии околу процесот.