АНТИЦИКЛОНОТ НИ НОСИ ТОПЛО ВРЕМЕ За викендот ќе дува, но ќе биде сончево

И во Скопје и околината следува период на стабилно, суво и на претежно сончево време со појава на мала до умерена локална облачност. Повремено ќе дува засилен ветер од северен правец, вели метеопрогнозерот Попоски.

663

Од денеска (четврток 9 октомври па до недела 12 октомври) под влијание на висок воздушен притисок (Антициклон) и на стабилна  и сува воздушна маса времето во Република Македонија ќе биде сончево и малку потопло преку ден со мала до умерена локална облачност.

Особено во Повардарието и во источните предели од Македонија повремено ќе дува засилен ветер од северен правец.






Повеќе за прогнозата на Славчо Попоски на следниот ЛИНК.

 

Поврзани содржини