АНТИБУГАРСКИ ПОРАКИ ВО СКОПЈЕ Протестна нота на бугарското МНР
Веруваме дека ваквите настани ќе станат дел од минатото, а нашите две земји ќе успеат да отворат нова страница во односите, засновани на меѓусебно почитување и искрено пријателство, пишува во нотата на бугарското МНР.
Министерство за надворешни работи на Бугарија испрати протесна нота до македонското министерство, поради антибугарските пораки коишто се присутни деновиве на протестите во Скопје.
„Особено загрижувачки е што злонамерните дела на јавниот простор ескалираат во време кога Софија и Скопје активно бараат начин за конструктивен дијалог и изнаоѓање трајни заеднички прифатливи решенија во интерес на европската интеграција на Република Северна Македонија и регионот. Веруваме дека ваквите настани ќе станат дел од минатото, а нашите две земји ќе успеат да отворат нова страница во односите, засновани на меѓусебно почитување и искрено пријателство“, пишува во нотата на бугарското МНР.
Оттаму тврдат и дека протестите во Скопје биле со антиевропски наратив.