Антибиотикот „сумамед“ не смее веќе на приватно, се издава само со рецепт

Од вчера - завчера нагло се зголеми интересот кај граѓаните за купување на овој антибиотик, па добро е што стигна ново упатство за издавање. Во оваа паника некои ќе почнат и непотребно да го пијат, па со тоа ќе направат и многу поголема штета на своето здравје - ни рече аптекар од аптека во центарот на градот.

5,509

Од денеска во аптеките не може веќе да го купите на приватно антибиотикот азитромицин („сумамед“), кој смее да се издаде само на лекарски рецепт,  ни потврдија во аптека во центарот на Скопје.

Од пред некој ден се појавија информации дека овој антибиотик во некои студии почнал да се  посочува дека во комбинација со лек против маларија делува позитивно кај дел од пациентите заразени со коронавирусот. Исто така, овој антибиотик о досега се користеше во третманот на заболените од оваа болест на Инфективната клиника во Скопје.






– Нѐ известија изутрина дека не смееме веќе да го продаваме овој антибиотик, туку исклучиво на рецепт од матичен лекар да го издаваме. Од вчера и завчера нагло се зголеми интересот кај граѓаните за купување на овој антибиотик, па добро е што стаса ново упатство за издавање. Во оваа паника некои ќе почнат и непотребно да го пијат, па со тоа ќе направат и многу поголема штета на своето здравје – ни изјави аптекар од аптека во центарот на градот.

Од Министерството за здравство сѐ уште не добивме одговор за новиот режим во издавањето на „сумамед“.

Поврзани содржини