АНТИ-НОБЕЛОВА НАГРАДА Ја добиле тројца Американци за бизарни истражувања

Научниците зеле еден череп направен од епоксидни влакна и го завиткале со овча кожа што ќе личи на брада, а потоа го мавале со боксови. Притоа „откриле“ дека влакната на лицето апсорбираат до 37 отсто од енергијата на еден удар. Ете, и тоа било причината зошто се појавила брадата кај мажите. 

257

„Анти-нобелова награда за мир“ им била доделена на тројца Американци, затоа што развиле бесмислена теорија дека брадата кај мажите се појавила затоа што имале потреба да си го заштитат лицето од тупаници. Истражувањето кое било исмеано од многу научници ја освои наградата за 2021 година, а таа инаку постои веќе 31 година како пародија на вистинските Нобелови награди, јавува МИА.

Овча кожа и боксови






Научниците зеле еден череп направен од епоксидни влакна и го завиткале со овча кожа што ќе личи на брада, а потоа го мавале со боксови. Притоа „откриле“ дека влакната на лицето апсорбираат до 37 отсто од енергијата на еден удар. Ете, и тоа било причината зошто се појавила брадата кај мажите.

Анали на глупоста

Научната награда „Анти-Нобел“ се доделува „за достигнувања што прво те насмеваат, а потоа те тераат да размислуваш“. Основана е 1991 година од списанието „Анали на неверојатните истражувања“ (Annals of Improbable Research), како пародија на Нобеловите награди. Годинешната 31-ва „свеченост“ е поддржана од Универзитетот Харвард во Масачусетс (САД). Таа одеше на интернет, поради пандемијата на коронавирус.

Лебарки, носорози, подморници

Од 1999 година, „Анти-Нобел“ наградата се доделува во 10 области, а некои од категориите се совпаѓаат со вистинските Нобелови награди. Меѓу победниците оваа година има и истражувачи кои откриле како подобро да го контролираат бројот на лебарки во американските подморници или кои проучувале дали превозот на носорог во воздух не е побезбеден ако животното е со главата надолу.

Колку различни звуци испуштаат мачките?

Наградата за биологија, пак, годинава ја доби Сузана Шуц, докторка на науки од Шведска, за анализата на спектарот звуци што ги испуштаат домашните мачки. Наградата ја додели Нобеловецот за физика од 2001 година – Ерик Корнел. Наместо да ѝ дадат можност на Шуц да ја изрази својата благодарност, организаторите ја замолија да ги репродуцира сите звуци на мачки на коишто може да се сети. Тоа е шега, секако.

Поврзани содржини