АНТИ-КОВИД КРСТ ОСАМНА НАД СРПСКО СЕЛО Ќе ги брани мештаните од сите можни чуми (ФОТО)

Во изградбата учествувале парохијани и млади луѓе, а не недостигала добра волја. Многумина без никаков проблем и надомест се откажале од парцелите за да го подигнат крстот. Самиот крст на Бојчица му го доставиле припадници на хеликоптерската единица на српското МВР.

359

Жителите на српските села Драгијевица и Лопатање кај Осечина, во сета оваа мака и неволја со короната се обратиле на молитвата и длабоко се уверени дека таа има ефект. На највисокиот рид над нивните куќи тие подигнаа „антички“ крст, за кој веруваат дека ги штити од сите чуми, пишува Мондо. Поставен е на ридот Бојчица кој важи за светилник за неколку околни места, а иницијативата ја повеле двајца свештеници.

– Во оваа област, поради минатогодишната ситуација со коронавирусот, кога беше малку недостапно за луѓето да дојдат во храмот во голем број, започна мојата дваесетгодишна желба да кренам крст на овој рид. За луѓето кои не можеа да се молат во храмот, го донесовме крстот во нивните домови, бидејќи овој знак се гледа од секоја куќа во двете села – вели свештеникот Милан Маџаревиќ.






Во изградбата учествувале парохијани и млади луѓе, а не недостигала добра волја. Многумина без никаков проблем и надомест се откажале од парцелите за да го подигнат крстот. Самиот крст на Бојчица му го доставиле припадници на хеликоптерската единица на српското МВР.

– Со благослов на епископот Лаврентије и добрата волја на народот, со неизмерна помош на хеликоптерската единица, се помина како што Господ сака – вели отец Милан.

Поврзани содржини