АНТЕНАТАЛЕН БАРТЕРОВ СИНДРОМ: Засегнатите доенчиња можат да преферираат солена храна поради електролитниот дисбаланс
Раната дијагноза и соодветниот третман на ова ретко заболување можат значително да го подобрат квалитетот на живот на лицата со овој синдром.
Во месецот со најмалку дена во годината, во месецот кој оваа година е редок по своите ретки 29 дена и во месецот кој пациентите со ретки болести го идентификуваат како СВОЈ, по шести пат ќе се обидеме поблиску да Ве запознаеме со ретките болести од кои заболува и со кои се соочува и живее населението од нашиот охридско – струшки регион. Да ги дознаеме предизвиците и проблемите со кои се соочуваат. Како ја добиваат дијагнозата? Дали има некаков лек? Колку и дали воопшто се пристапни и достапни лековите?…
АНТЕНАТАЛЕН БАРТЕРОВ СИНДРОМ/ ANTENATAL BARTTER SYNDROME (ABS)
МКБ-10 E26.8
ПРЕВАЛЕНЦА
Се смета дека проценетата преваленца е 1 на 1.000 000 население.
ВОВЕД
Бартеровиот синдром е ретко генетско нарушување кое се карактеризира со низа наследни бубрежни тубуларни дефекти кои водат до електролитен дисбаланс и губиток на течности. Овој синдром е именуван по педијатарот Фредерик Бартер кој прв опишал ваков случај.
Повеќе за ова на „Мајка и дете“.