ЈАНША ДОБИ СМРТНА ЗАКАНА На премиерот му пристигна пратка со куршуми
Според РТВ Сло, премиерот добил смртни закани во пратка која била испратена на негова приватна адреса, што го потврдиле и од кабинетот на премиерот.
Словенечкиот премиер Јанез Јанша добил пратка во која нему и на неговото семејство му се заканувале со смрт, а слична закана добил и Матеј Тонин, министерот за одбрана и помал коалициски партнер во владата на Јанша, објавија денеска словенечките медиуми.
Според РТВ Сло, премиерот добил смртни закани во пратка која била испратена на негова приватна адреса, што го потврдиле и од кабинетот на премиерот.
Медиумите објавија дека Јанша и Тонин во петокот добиле писма до нивните адреси, во кои имало закани за смрт и во кои имало „муниција од поголем калибар“, а им се заканувале и на членовите на семејството на Јанша.
Јанша често ги обвинува „мејнстрим“ медиумите дека се политички мотивирани на страната на левицата, која сака да ја собори неговата влада и дека медиумите и левичарската опозиција стојат зад протестите со барање за предвремени избори.