Групата анонимни хакери која ги хакираше веб сајтовите на министерствата за здравство и за образование се јавија со нова порака во која објаснуваат дека тие не ги хакирале мејловите на вработените во министерствата, туку дека тоа го сториле „шалабајзерите што се систем админи во тие министерства“.
Од Министерството за здравство соопштија дека се хакирани и мејловите на сите нивни вработени.
Хакерите, исто така, застанаа за нападот на „Тајм.мк“
Здраво на сите, едно мало известување за вчерашниот напад.
МкдОпс ВО НИТУЕДЕН МОМЕНТ не го загрози маил серверот на здравство, само направивме екстракт на мејловите.
Сајтовите, и маил серверот СЕ ИЗГАСЕНИ од страна на шалабајзерите што се систем админи во тие министерства.— AnonOpsMKD (@MkdOps) July 24, 2020