АНОНИМЕН ПАКИСТАНЕЦ ДОНИРАЛ 30 МИЛИОНИ ДОЛАРИ ЗА ТУРКИЈЕ И ЗА СИРИЈА Премиерот на Пакистан длабоко трогнат од овој гест

707

Анонимен маж со пакистанско потекло вчера влегол во турската амбасада во САД каде донирал 30 милиони долари за настраданите од земјотресот во Туркије и во Сирија, јавува Си-ен-ен.

Оваа вест на Твитер ја пренесе пакистанскиот премиер Шехбаз Шариф.






„Длабоко трогнат од примерот на анонимен Пакистанец кој влезе во турската амбасада во САД и донираше 30 милиони долари за жртвите од земјотресот во Туркије и за Сирија“, напиша пакистанскиот премиер на Твитер.

„Ова се толку величествени дела на филантропија кои му овозможуваат на човештвото да триумфира над навидум непремостливите изгледи“, додаде Шариф.

 

Поврзани содржини