Џанлука Ваки по вакцинирањето во Белград: Фала Србија

Како што пренесуваат српските медиуми, на радост на многу дами ширум светот, италијанскиот милионер бил вакциниран без маица, а бил видно расположен и насмеан.

936

Италијанскиот плејбој, милионерот Џанлука Ваки (52), денеска во Србија се вакцинираше против коронавирус, на Белградскиот саем, пренесуваат српските медиуми.

Тој за време на вакцинацијата цело време се фотографирал и снимал, а на крајот се заблагодари на Србија за можноста да се вакцинира против коронавирус.






– Од овој момент па натаму ќе почнам да го живеам животот во целост – рекол Ваки по вакцинацијата.

Италијанскиот плејбој повторно ќе дојде во Србија, каде исто така за три недели ќе добие втора доза од вакцината. Како што пренесуваат српските медиуми, на радост на многу дами ширум светот, италијанскиот милионер бил вакциниран без маица, а бил видно расположен и насмеан.

 

Поврзани содржини