Јанкуловска има желба да работи во затворскиот весник во „Идризово“

Нејзиниот сопруг адвокатот Влатко Илиевски, најави тужба за пристрасност против судијката Доброла Кацарска во Судот за човекови права во Стразбур,

2,570

Поранешната министерка за внатрешни работи и висок функционер во ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Јанкулоска која неколку недели е во приемното одделение на  КПД Идризово изразила желба да биде ангажирана во затворскиот весник.

Директорот на Идризово, Александар Донев за „Фокус“ изјавил дека како поранешен висок функционер таа ќе биде сместена во затвореното одделение и ќе добие придружба од службено лице кое ќе ја следи додека се шета или работи.






Јанкулоска треба да издржи 4-годишна затворска казна како осудена во случајот „Тенк“.

Нејзиниот сопруг Влатко Илиевски, во емисијата „Стадион“ на Канал 77 најави тужба пред Судот за човекови права во Стразбур  против судијката Добрила Кацарска за пристрасност. Тој тврди дека на Јанкулоска и било скратено правото за правично судење и дека од почеток до крај, постапката била неправична.

Јанкуловска инаку не е аболицирана од поранешниот претседател на земајва Ѓорге Иванов за случајот „Тенк“.

 

Поврзани содржини