Јанкулоска ќе испрати селфи ако треба за да докаже дека е дома и дека не избегала

1,122

Ексминистерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска ги негира информациите дека е во бегство и откако завчера Врховниот суд и ја одби жалбата на пресудата за „Тенк“ и ѝ ја потврди четиригодишната затворска казна.

– Глупости се тоа. Дома сум. Кој сака нека повели на кафе. Да ви испратам локација, селфи, не знам што да ви кажам – изјавила Јанкулоска за А1 он.






Според процедурите, Врховниот суд треба прво да ја испрати пресудата до Кривичен, а судија за извршување на санкции да ѝ даде упатен акт за во затвор на Јанкулоска.

Од МВР велат дека се преземени стандардни полициски оперативни мерки и активности, но дека од судот немаат добиено никаква наредба за спроведување на Јанкулоска.

Таа на Фејсбук порача дека е дома.

– Нема потреба од спектакли, опсада на зградата во која живеам, вознемирување и претресување на соседите. Ако некој ме бара јас сум дома и на крај памет не ми паѓа некаде да бегам. Ништо не е поскапоцено од секој момент поминат со семејството-напиша Јанкулоска.

Нема потреба од спектакли, опсада на зградата во која живеам, вознемирување и претресување на соседите. Ако некој ме…

Гордана Јанкулоска / Gordana Jankuloska 发布于 2020年9月19日周六

 

Поврзани содржини