ЈАНКО БАЧЕВ ИЗМИСЛУВА ДЕКА РЕНОМИРАН ХОТЕЛ КРАДЕЛ СТРУЈА ОД ЕВН Засегнатите демантираат и тврдат дека користат струја од фотонапонска централа
„Со своето незаконско дивеење, Бачев насилно сака да ги избрка закупците кои таму се наоѓаат повеќе од 25 години. Затоа сега лажно ги пријавува закупците дека крадат струја, сакајки на тој начин да ја узурпира целата зграда“, тврди засегнатиот Јован Невеселов во својот демант.
Во врска со тврдeњето на ЕВН дека при техничка контрола во станбена зграда која граничи со хотел на улицата Луј Пастер биле пронајдени три нелегални и изгорени кабли како последица на преголема оптовареност и дека за време на дополнителна контрола се утвдило дека хотелот повторно бил приклучен на еден од нелегалните кабли, до медиумите кои ја објавија веста е испратен демант од лицето Јован Невеселов
Станува збор за кампања што ја води Јанко Бачев, тврди Јован Невеселов, закупец на деловен простор во зградата. Бачев сака насилно да го избрка од просторот, со лажна пријава. Невеселов користи струја од обновлив извор, од фотонаспонска централа монтирана на хотелот на сопственикот на објектот.
Според демантот, лажната вест е од инструирана од Јанко Бачев, кој, според авторот на демантот, „е незконски вселен во државен имот со кој стопанисува АД за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор од значење за Републиката, со извршено кривично дело Самовластите“, при што насилно узурпирал дел од државна зграда на улицата Даме Груев, поранешен „Сплендид“.
„Со своето незаконско дивеење, тој насилно сака да ги избрка закупците кои таму се наоѓаат повеќе од 25 години. Затоа сега лажно ги пријавува закупците дека крадат струја, сакајки на тој начин да ја узурпира целата зграда“, тврди Невеселов.
Во демантот се потсетува дека Јанко Бачев е соработник на службите и поранешен вработен во ДБК, контроверзен лик под влијание на руски дисиденти, лидер на минорна партија и човек кој во саботата на 18 октомври наводно го прекршил изборниот молк.
„По насилно и незаконско демонтирање на струјомерите од членот на партијата на Бачев, Ацо Николовски, Бачев успеал од ЕВН да издејствува незаконска монтажа на струјомер без согласност на на сопственикот и на стопанственикот АД за станбен и деловен простор, согласно имотен лист 110817 за Ко Центар 1“.
„Останатите кираџии, меѓу кои и јас, инвестиравме во енергија од обновливи извори и истата законски ја користиме, а сме исклучени од ЕВН. По 33 лажни пријави до ЕВН од Бачев, сега се објавуваа дека имало изгорени кабли. Тоа е крајна невистина, а невистина е и тврдењето дека реномиран хотел крадел струја“, вели Невеселов во демантот.
 
			