АНКЕТИТЕ ЌЕ БИДАТ ПРЕСУДНИ Вреди сѐ уште нема утврдени кандидатури за локалните избори
Во моментов немаме точно утврдени имиња, бидејќи од страна на Вреди се ангажирани сериозни агенции за испитување на јавноста, каде што се обработуваат и темите, и програмите, но и кандидатите на Вреди за наредните локални избори. Анкетите ќе бидат едни од клучните фактори за ориентација за кандидатурите - изјави Изет Меџити, по отворањето на Македонскиот енергетски форум – MEF25 денеска во Скопје.
Вицепремиерот Изет Меџити изјави дека Вреди сè уште нема утврдени кандидатури за претстојните локални избори, бидејќи процесот на истражување на јавното мислење е во тек.
– Во моментов немаме точно утврдени имиња, бидејќи од страна на Вреди се ангажирани сериозни агенции за испитување на јавноста, каде што се обработуваат и темите, и програмите, но и кандидатите на Вреди за наредните локални избори. Анкетите ќе бидат едни од клучните фактори за ориентација за кандидатурите – изјави Меџити, по отворањето на Македонскиот енергетски форум – MEF25 денеска во Скопје.
Тој посочи дека „албанскиот кампус“ на локалните избори ќе се натпреварува како две политички опции.
– Веќе е искристализирано, во албанскиот кампус има два блока – Вреди и ДУИ, така што ние на локалните избори ќе се натпреваруваме како две политички опции – нагласи тој.
Додаде дека Арбен Таравари е веќе дел од ДУИ и неговото политичко позиционирање е јасно.
– Во однос на Таравари, тој е веќе дел од ДУИ, дел од тој блок, и може да увидите дека ако претходно беа посебните листи за советници, за да испадне од Вреди, веќе ги заборавил тие листи, туку секојдневно соработува со ДУИ и се спремаат заедно да настапат на избори – рече Меџити.
Според вицепремиерот, оваа поделба на политички опции во албанскиот кампус е здрава за едно демократско општесто.
– Како и да е, Албанците во Македонија имаат две опции, конкуренција на платформи и програми, и тоа мислам дека е здраво за едно демократско општество – рече тој.